Џенифер Лопез не се плаши да го покаже своето „голо“ лице пред своите фанови.
„Ден без шминка“ – напиша Лопез на Instagram пред да ја објави фотографијата.
Лопез сподели и уште неколку фотографии од релаксираниот ден кој го минала покрај базен со пријатели и со својата мајка Гвадалупе.
Во последно време Џенифер е насекаде. Пред неколку дена таа пееше на отворањето на Мундијалот во Бразил, а се најде и на насловната страница на познатото списание „Billboard“.
Еве ги и фотографиите од фотосесијата за „Billboard“: