Ева Лонгорија беше специјална гостинка на хуманитарна гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства.
На свеченоста која се одржа во Париз, популарната актерка присуствуваше заедно со својот партнер Хозе Антонио Бастон. За време на забавната манифестација, парот си разменуваше бакнежи и нежности, невоздржано покажувајќи ја својата љубов.



Лонгорија привлекуваше погледи во црвен фустан од брендот Monsoori.












