Ева Лонгорија го прифати предлогот за брак на Хозе Антонио Бастон. Веста за свршувачката 40-годишната актерка со фотографија ја објави на Instagram.
На фотографијата, парот се бакнува сред пустина во Дубаи, а на левата рака на Лонгорија блеска голем прстен.


Популарната актерка и 47-годишниот претседател на медиумскиот бренд „Televisa“ престојуваа во Дубаи по повод хуманитарна гала на „Global Gift“. Тие се во врска од ноември 2013 година.








