Не е тајна дека Донатела Версаче е обожавателка на пластичната хирургија, но и покрај сите корективни зафати, славната дизајнерка добива само негативни коментари за својот изглед.
Главната креаторка во модната куќа Versace беше фотографирана на аеродром во Сао Паоло. Мазната и сјајна кожа на лицето, на која не се забележува ниту една брчка, уште еднаш ги поттикна дискусиите за многуте козметички интервенции на кои се има подложено 59-годишната Италијанка.
Многумина коментираат дека Донатела треба да прекине со интензивните модификации на лицето.
„Лицето на Донатела Версаче изгледа многу неприродно, речиси како маска“ – коментираше пред неколку месеци хирургот Арманд Хербергер за германскиот весник „Bild“.
Донатела присуствува во Бразил по повод модната недела во Сао Паоло, во рамките на која ќе биде презентирана капсулната колекција на Versace за Riachuelo.