Почетна » Новости » Мода » Алесандра Амбросио, Донатела Версаче, Синди Крафорд, Емили Ратајковски... ѕвездите на гала во Италија

Алесандра Амбросио, Донатела Версаче, Синди Крафорд, Емили Ратајковски... ѕвездите на гала во Италија

Вчера модниот свет се обедини во Театарот „Ла Скала“ во Милано за втората по ред манифестација по повод доделувањето на The Green Carpet Fashion Awards.

На настанот познат како „Оскари на еколошката мода“ беа наградени најдобрите во светот на екомодата. Меѓу присутните беа бројни манекенки, модели, дизајнери и актери.

На зелениот тепих, Алесандра Амбросио блесна во црна еко креација од брендот Philosophy di Lorenzo.

The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards

Сара Сампајо шармираше во романтична креација од Alberta Ferretti изработена од органска свила.

The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards

Кејт Бланшет, Џулиен Мур и Синди Крафорд беа дел од ѕвездите кои ги доделија 14-те награди, а меѓу наградените беа Донатела Версаче, Ел Мекфирсон, Камерон Расел и Сузи Менкес.

Супермоделот Синди Крафорд избра креација со сваровски кристали од Версаче. Фустанот е изработен од органски материјали и не содржи токсични хемикалии.

The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards

За свеченоста, Емили Ратајковски и Донатела Версаче беа облечени во жолто, Кејт Бланшет зрачеше со елеганција во креација од колекцијата Green Carpet 2014 на Stella McCartney, а Џулиен Мур носеше фустан од Ferragamo изработен од материјал добиен со рециклирање на пластични шишиња.

The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards

Ел Мекфирсон беше придружувана од својот син, а носеше костум Roberto Cavalli изработен од органска волна.

The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards The Green Carpet Fashion Awards

Меѓу присутните беа и Оливија Палермо со сопругот Јоханес Хибл. И двајцата носеа облека од Tods изработена со иновативна технологија за да ја задржува формата, што значи дека бара помалку ресурси за одржување.

The Green Carpet Fashion Awards

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.