Дауцен Крус изгледа беспрекорно и без Фотошоп и без армија шминкери и стилисти. 30-годишната манекенка беше фотографирана на плажа во Мајами.

Папараците го овековечија забавниот ден на Крус и нејзиниот сопруг Санери Џејмс, кои се заедно шест години. Парот има две деца – синот Филен и ќерката Милена.




Крус, која кон крајот на минатата година ги напушти ангелите на Victoria’s Secret, неодамна сподели дека цел живот била активна и дека не ѝ било многу тешко да се врати во форма по породувањата. „Цел живот возам велосипед. Немаше автобус кога одев на училиште во Холандија, па секој ден возев по 25 километри до училиште. Секогаш вежбав. Потоа отидов во Њујорк и започнав да работам како модел, боксирав, а сега тренирам балет, што навистина ми се допаѓа. Телото ти станува долго и слабо и тонирано, а не крупно и мускулесто“ – рекла таа во интервју за Harper’s Bazaar.










Крус е на второто место на листата на најплатени модели во светот заедно со Адријана Лима.