Дауцен Крус е бремена. Убавиот ангел на Victoria’s Secret ја објави веста на Instagram, споделувајќи со своите следбеници гола фотографија на која е забележливо нејзиното трудничко стомаче.

Холандскиот диџеј Санери Џејмс, со кого Крус стапи во брак во јануари 2011, објави дека е пресреќен поради проширувањето на семејството. „Очекуваме нова љубов во нашиот живот. Мојата прекрасна жена е бремена“ – напиша тој на Instagram.


Дауцен и Санери веќе се родители на двегодишниот Филен.
