Дауцен Крус со своето синче сними кампања за компанијата за луксузен накит Tiffany & Co.
Славната манекенка и 4-годишниот Филен се забавуваат и ја покажуваат силната врска мајка-син во видеото и на рекламната фотографија на престижната компанија.
Фокусот во есенската кампања е ставен на љубовта, независно дали тоа е сестринска, мајчинска или пријателска.
Снимањето се одвивало под режисерската палка на Марио Соренти.
ВИДЕО
„Дауцен е толку аристократска и убава, но е целосно шармирана од ова мало суштество. Имаше прекрасни моменти на интимност кои го направија снимањето навистина весело“ – изјавила Каролин Наџер, главен маркетинг директор на врвниот бренд за накит.
За рекламната кампања беа ангажирани и сестрите Дри и Лангли Хемингвеј и пријателките-модели Криста Кобер и Иман Хамам.