Дауцен Крус роди здраво девојче. Славната манекенка се породи денес и веднаш сподели фотографија од малата Милена Мае.
На фотографијата новороденчето лежи во рацете на сопругот на Крус, Санери Џејмс, додека нивниот син Филен нежно ја допира својата нова сестричка.
„Мама, тато и братот Филен се супер горди!“ – вели пораката на Крус на Instagram со која е опишана фотографијата.
Крус неодамна позираше за „Glamour“ и го разголи своето трудничко стомаче. Во интервјуто за списанието таа сподели дека многу посакувала ќерка. „Многу сакав девојче – мораше да ми потврдат двајца доктори“ – рекла таа.
Крус и Санери се во брак од ноември 2010 година. Нивното прво дете Филен има 3 и пол години.