Дали ова е свадбата која ја очекуваа сите обожаватели на „Gossip Girl“? Новите фотографии од снимањето на популарната серија најверојатно ја откриваат свадбата на Чак и Блер.
Облечена во небесно син фустан од колекцијата висока мода на незаменливиот Ели Сааб, Лејтон Мистер (Блер Волдорф) блеска од среќа во прегратката на Ед Вествик (Чак Бас). Според фотографиите, на церемонијата снимена во Централ Парк присуствуваат само најблиските на младоженците.
Но, како и секогаш, среќата на Чак и Блер не трае многу долго време. Веднаш по размената на судбоносното „Да“, полицаец ја прекинува церемонијата и го апси Чак.
Погледнете повеќе фотографии од снимањето на последната сезона.