Џим Кери и Џеф Даниелс повторно ќе се обидат да ве насмеат до солзи. Комедијата „Глуп и поглуп“ ќе добие продолжение, а денес беа објавени и првите фотографии од комичното дуо на снимањето на новиот филм.
„Се враќаме!“ – напиша 51-годишниот Кери под шантавата фотографија на која позира со 58-годишниот Даниелс.
Речиси 20 години по првата дружба, Хари и Лојд ќе продолжат со хумористичните авантури. „Во ,Dumb and Dumber Toʻ ќе правиме нешта кои ќе направат сцената со тоалетот да изгледа здодевна. Не можам да откријам што, само ќе кажам дека го надминавме тоа“ – изјавил Џеф, потсетувајќи ги фановите на сцената со дијарејата од првиот дел.
Филмот се очекува да излезе следната година.