Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Се самоуби девојката на актерот Џим Кери

Се самоуби девојката на актерот Џим Кери

Катриона Вајт, 28-годишната девојка на популарниот актер Џим Кери, беше пронајдена мртва.

Кери и Вајт

Полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство, бидејќи биле пронајдени таблети до телото, како и проштално писмо адресирано до Кери.

Вајт и Кери наводно раскинале по вторпат пред неколку дена. Нејзината последна порака на Twitter гласи: „Се исклучувам од Twitter, се надевам дека бев светлина за моите најблиски и најдраги“.

53-годишниот актер ја изрази својата тага преку соопштение во кое се вели: „Шокиран сум и чувствувам длабока тага поради смртта на мојата слатка Катриона. Таа навистина беше добродушно и деликатно ирско цвеќе, премногу чувствително за оваа почва.... Сите нас нè удри гром.“

Кери и Вајт Кери и Вајт

Кери и Вајт влегле во врска во 2012 година, но по неколку месеци се разделиле. Во мај годинава тие ја обновиле врската.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 23393 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.