Глупавиот и поглупавиот се враќаат со продолжение на хит комедијата од 90-тите години. Дваесет години откако „Dumb and Dumber“ го насмеа светот до солзи, Џим Кери и Џеф Даниелс ќе се обидат да го повторат големиот успех.

Првиот трејлер за „Dumb and Dumber To“ прикажува дел од новите авантури на откаченото дуо кое тргнува да ја пронајде ќерката на Хари.
Премиерата на филмот е закажана за 14 ноември.