Само еден ден откако беше прогласена за најубава жена на светот од списанието People, Гвинет Палтроу повторно се најде во центарот на медиумите, но овој пат поради модниот избор.
40-годишната ѕвезда се појави на холивудската премиера на „Iron Man 3“ во фустан со проѕирни делови кои открија дека ја прескокнала долната облека. Разголениот фустан е креација на Антонио Берарди.
„Многу е провиден. Само сметам дека е навистина прекрасен и на некој начин има нешто суперхеројско“ – изјавила Палтроу за фустанот.
На премиерата присуствуваа и колегите на Палтроу, Роберт Дауни Џуниор и Бен Кингсли.