Гвинет Палтроу не се плаши да ја покаже својата природна убавина. Славната актерка вчера го прослави својот 44. роденден, а по тој специјален повод со своите обожаватели сподели фотографија на која нема ни грам шминка на лицето.
Холивудската ѕвезда на Instagram ја објави фотографијата на која позира во лежерно издание.
Талентиранaта Оскаровка неодамна изјавила дека преферира да употребува органски производи за нега на лицето и телото и дека се плаши од пластични операции. „Веројатно имам пробано сè. Би била преплашена да легнам под нож, но знаете, зборувајте со мене повторно кога ќе имам 50 години“ – рекла таа.