Гвинет Палтроу приреди несекојдневен холивудски настан на кој сите гостинки требаше да се појават без шминка на лицата.
Заедно со својата компанија Goop, славната актерка организираше интимна вечера на која присуствуваа многу дами меѓу кои Деми Мур со ќерка си Рамер, Кејд Хадсон, Ерин Фостер и Александра Грант.
Гвинет со Александра, која неодамна го привлече вниманието на светската јавност откако стана јасно дека му е девојка на Кијану Ривс, предводеа разговор за перцепцијата за убавина, стареењето и прикривањето на несовршеностите.