Гвинет Палтроу е најубавата жена на светот за 2013 година според списанието People. 40-годишната актерка е на врвот на листата на најпривлечни холивудски ѕвезди на која се наоѓаат и Пинк, Џенифер Лоренс и Аманда Сејфрид.
Русокосата ѕвезда од „Iron Man“ признала дека се шокирала кога дознала за изборот на познатото списание.
„Кога првпат слушнав дека ќе бидам на корицата на изданието Најубави на People, искрено си помислив дека некој се шегува со мене. Морав да го препрочитам мејлот трипати. Велев: Ова не може да биде вистина. Развив дислексија. Не читам правилно“ – раскажала Палтроу.
За да ја одржува својата фигура, Гвинет вежба пет пати неделно по два часа. Иако редовното вежбање понекогаш ѝ се чини како кошмар, таа вели дека не би го занемарила, бидејќи сака постојано да е во форма.
Минатата година Бијонсе ја понесе титулата Најубава жена, а во 2011 година честа да ја краси насловната на People ѝ припадна на Џенифер Лопез.