Гвинет Палтроу ја зеде гитарата в раце и го покажа својот музички талент во спотот за песната „Country Strong“, која е дел од истоимениот филм.
38-годишната актерка признала дека нејзиниот сопруг Крис Мартин ѝ помогнал многу со музикалноста, но дека не и било лесно да свири пред него.
„Многу е засрамувачки да треба да свириш пред својот сопруг, особено кога тој е во еден од светски најуспешните бендови“ – изјавила Гвинет за списанието Harper’s Bazaar.
Во видеото се прикажуваат сцени од филмот, кој треба да ја доживее својата премиера на 22 декември. Тим Мекгро и Лејтон Мистер се дел од екипата на „Country Strong“.
А еве го и спотот на Гвинет.