Британското кралско семејство периодов никако да се тргне од насловните страници на таблоидите. По неодамнешната „гола“ авантура на принцот Хари во Лас Вегас, сега упорните папараци ја уловија и војвотката Кетрин без многу облека.
Француското списание „Closer“ денес објави топлес фотографии од Кејт, направени додека таа се релаксира на тераса на приватен замок во сопственост на внукот на кралицата, Лорд Линли. Фотографиите се сликани од огромна дистанца и се заматени, но на нив јасно се гледа кралскиот пар, кој тогаш бил на краток одмор во Франција.
Претставник на кралското семејство изјавил дека фотографиите се автентични и дека познатиот пар е бесен. Принцот Вилијам и Кејт, кои моментално се наоѓаат во Куала Лумпур, се длабоко разочарани, не можат да поверуваат дека некој успеал да ги направи фотографиите и сметаат дека црвената линија на приватноста е премината.