Кралското семејство остро реагираше на објавувањето на нови приватни фотографии од војвотката Кетрин и принцот Вилијамс.
Италијанското списание „Chi“, кое пред шест месеци ги објави топлес фотографиите од Кетрин, сега објави и фотографии на кои таа е во бикини на одмор со Вилијам.
На фотографиите се гледа малото стомаче на бремената Кетрин, додека таа се релаксира на плажа на островот Мистик.
Сите фотографии ќе излезат во јавност утре, кога списанието ќе биде пуштено во продажба.
Преку соопштение кралското семејство изразило разочарување што повторно е нарушена приватноста на Кетрин и Вилијам и што направените фотографии ќе бидат објавени.