Војвотката Кетрин и принцот Вилијам го претставија најмладиот член на кралското семејство. Среќните родители заедно со својата новородена ќерка ја напуштија болницата „St. Mary“ во Лондон, десет часа по породувањето.
Кетрин изгледаше прекрасно во бел фустан со жолти цветови од својата омилена дизајнерка Џени Пекам. Тешко би можеле да претпоставите дека овие фотографии се направени само неколку часа по породувањето.
Малата принцеза, чие име сѐ уште не е откриено, се роди денес во 8.34 часот по локално време и тежи 3,8 килограми.