Војвотката Кетрин за првпат се појави во јавност по објавувањето на втората бременост.
Кетрин и Вилијам ги примија претседателот на Сингапур Тони Тан и неговата сопруга Мери. Средбата се одржа во Royal Garden Hotel, кој се наоѓа во близина на Кенсингтонската палата.
На официјалната средба, Кетрин носеше сиво палто со А-линија од Александар МекКвин и елегантна шапка од Џејн Тејлор.
Од кралската палата беше соопштено дека Кетрин е во третиот месец од бременоста и дека нејзината здравствена состојба се подобрува. Малиот принц Џорџ ќе добие братче или сестричка во април.