Војвотката Кетрин буквално блескаше покрај принцот Вилијам на гала вечерата на Фондацијата Tusk Trust, одржана во Лондон.
Облечена во светкава креација на Џени Пекам, 31-годишната претставничка на кралското семејство со широка насмевка на лицето застана покрај Вилијам, кој од 2005 година соработува со фондацијата фокусирана на заштита на животинскиот свет во Африка, но и намалување на сиромаштијата на овој континент.
За време на вечерата Вилијам ќе одржи говор и ќе ја додели наградата која го носи неговото име.
Денес беше соопштено дека принцот Вилијам ја заврши воената служба и дека целосно ќе се посвети на кралските должности и добротворната работа.