„Секогаш гравитирам околу женствени детали“ – вели Лорен Конрад, која ги отвори вратите од својот дом за списанието „InStyle“.
Елегантниот дом се наоѓа во Беверли Хилс, а во него преовладуваат неутрални нијанси. 28-годишната телевизиска ѕвезда, писателка и дизајнерка изјавила дека омилена просторија ѝ е бањата. „Многу е спокојно таму“ – коментирала таа.
Конрад неколку години плива во дизајнерските води, па нејзините обожавателки се љубопитни да ѕирнат во нејзиниот плакар. Иако на фотографиите не е прикажана внатрешноста на гардероберот на Лорен, се гледа дека просторијата е декорирана во стил на париски бутик. „Внатре е организиран хаос, но сè знам каде се наоѓа“ – признала таа.
Конрад неодамна го изговори судбоносното „ДА“ и стапи во брак со Вилијам Тел.