Помина и второто полуфинале на Евровизија 2016. Синоќа, во „Ериксон глоуб“ арената во Стокхолм, одекнуваа песните на 18 изведувачи, меѓу кои и беше нашата претставничка Калиопи.
49-годишната македонска музичка ѕвезда за жал не успеа да нè однесе во финалето.
Шанса за победа на големиот музички натпревар добија уште десет земји. Србија, Бугарија, Латвија, Грузија, Австралија, Украина, Полска, Израел, Литванија и Белгија успеаја да се пласираат во финалето, кое ќе се одржи утре.
Погледнете ги настапите на вторите 10 финалисти:
Sanja Vučić – Goodbye (Shelter) (Србија)
Poli Genova – If Love Was A Crime (Бугарија)
Justs – Heartbeat (Латвија)
Dami Im – Sound Of Silence (Австралија)
Nika Kocharov and Young Georgian Lolitaz – Midnight Gold (Грузија)
Jamala – 1944 (Украина)
Michał Szpak – Color Of Your Life (Полска)
Donny Montell – I've Been Waiting For This Night (Литванија)