Калиопи вечерва се бори за пласман на Македонија во финалето на Евровизија. Македонската музичка ѕвезда на сцената во Стокхолм ја отпеа „Дона“. За време на изведбата, Калиопи носеше креација од Розе Трајчевска.
Со моќниот глас и музичката нумера која ја напиша со Ромео Грил, 49-годишната пејачка ќе се обиде да нè однесе во големото финале на музичкиот натпревар кое ќе се одржи на 14 мај.