Кристина Агилера наскоро ќе го роди своето второ дете, но пред породувањето, музичката дива сними интимна фотосесија.
На фотографиите објавени во списанието „V“, 33-годишната пејачка позира гола или во минимална облека која го оцртува нејзиното тело.
На една од фотографиите Кристина очекува да биде бакната од својот свршеник, Метју Ратлер.
„Како жена, горда сум што го прифаќам своето тело во сите фази од животот, останувајќи бестрашна и самоуверена додека му се предавам на непознатото кое го носи иднината“ – рекла таа.
Агилера наскоро ќе му роди сестричка на нејзиниот 6-годишен син Макс од бракот со Џордан Братман.
Кристина и Метју се во врска од 2010 година, а во февруари годинава ја објавија својата свршувачка.