Кристина Агилера има многу поводи за славење. Една седмица откако објави дека го прифатила предлогот за брак на Метју Ратлер, странските медиуми пишуваат дека е бремена со второто дете.
33-годишната пејачка има еден син, 6-годишниот Макс, со поранешниот сопруг Џордан Братман.
Мајката на Ратлер ја потврдила веста за бременоста во интервју за In Touch Weekly. Кога била прашана дали парот планира да се пресели, таа одговорила: „Кога имаш бебе, во скоро време не планираш да се селиш каде било.“
Кристина и Метју се запознале за време на снимањето на филмот „Burlesque“ во 2010 година и оттогаш се неразделни.