Кристина Агилера и нејзиниот свршеник Метју Ратлер добија ќерка. 33-годишната пејачка ја сподели среќната вест со своите следбеници на Twitter и објави дека малото девојче го добило името Самер Рејн.
Кратко време пред породувањето, Агилера, која има и шестгодишен син, позираше гола за списанието „V“.
Кристина и Метју се во врска од 2010 година, а во февруари годинава ја објавија својата свршувачка.