Кристина Агилера се подготвува за свадба. Музичката ѕвезда објави дека го прифатила предлогот за брак на Метју Ратлер.
„Тој ме праша и јас реков...“ – напиша Агилера на Twitter и сподели фотографија од големиот прстен.
Кристина и Метју се во врска од 2010 година. Претходно таа беше во брак со Џордан Братман со кого има 6-годишен син.