Ирина Шајк не може да ги избегне папараците. Откако беше обелоденето дека го очекува првото дете со Бредли Купер, таа е под лупата на светските медиуми.
Славната Русинка беше фотографирана во Лос Анџелес во две кежуал изданија. Прво, беше „уловена“ на шопинг со моделот Стела Максвел. За таа прилика, Шајк носеше широка блуза од колекцијата на Кание Вест, високи чизми од Стјуарт Вајцман и очила за сонце од Живанши.



Потоа, таа беше фотографирана во долг плетен фустан со високи шлицови додека се обидуваше да го прикрие трудничкото стомаче со кеси.








