Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бијонсе со црно-бел едиторијал за „Out“

ФОТО: Бијонсе со црно-бел едиторијал за „Out“

Бијонсе ја краси насловната страница на списанието „Out“. Со изглед кој потсетува на Мерилин Монро, музичката ѕвезда позираше пред објективот на фотографите Сантијаго и Маврицио Сиера.

Во интервјуто за списанието, 32-годишната пејачка зборувала за сексуалната слобода и за последниот албум.

Бијонсе

„Има двојни стандарди кога станува збор за сексуалноста кои сѐ уште постојат. Мажите се слободни, а жените не се. Тоа е лудо. Старите лекции за потчинетост и кревкост нѐ направија жртви. Жените се многу повеќе од тоа. Можеш да бидеш бизнисменка, мајка, артистка и феминистка – што и да посакаш да бидеш – а сепак да бидеш сексуална. Тие заемно не се исклучуваат“ – рекла таа.

„Сите сме исти и сите сакаме исти нешта: правото да бидеме среќни, да бидеме она што сакаме да бидеме и да го љубиме оној што сакаме да го љубиме“ – дополнила музичката ѕвезда.

Бијонсе Бијонсе

За новиот визуелен албум, кој беше вистински хит, Бијонсе коментирала: „Дисциплина, трпение, контрола, искреност, ризик и безгрижност беа нештата на кои мислев додека го подготвував овој албум... Снимав песни, снимав видеа и настапував секоја ноќ во рамките на турнејата, сето тоа во исто време. Во еден момент си реков: Што правам? Дали ова е преамбициозно? Дури и на денот кога беше објавен албумот, јас бев уплашена. Но знаев дека ако сум толку уплашена, ќе се случи нешто големо.“

Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18979 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.