Почетна » Новости » Шоу-бизнис » TIME: Највлијателните луѓе за 2014 година, Бијонсе на насловна

TIME: Највлијателните луѓе за 2014 година, Бијонсе на насловна

Угледното американско списание „Time“ ја објави листата 100 највлијателни луѓе на светот. Листата е поделена во пет категории: титани, пионери, артисти, лидери и икони.

Насловната страница на специјалното издание на списанието ѝ припадна на Бијонсе.

Бијонсе Бијонсе

Свои индивидуални внатрешни корици имаат и актерот Роберт Редфорд, кошаркарот Џејсон Колинс и генералниот директор на General Motors, Мери Бара.

На долгата листа беше резервирано место за политичари како Барак Обама, Владимир Путин, Ангела Меркел и Хилари Клинтон, потоа папата Францис, активистката Малала Јусафзаи, тенисерката Серена Вилијамс, фудбалерот Кристијано Роналдо и основачката на Net-a-porter.com, Натали Маснет.

100 највлијателни луѓе на светот

Од светот на шоу-бизнисот, меѓу највлијателните влегоа Ејми Адамс, Мајли Сајрус, Метју Меконахи, Кери Андервуд, Фарел Вилијамс, Алфонсо Куарон и Кери Вашингтон.

Целосната листа погледнете ја тука.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.