Бијонсе и Џеј Зи непрестајно се под лупата на медиумите. Таблоидите ги разведуваат секој втор ден или ги поврзуваат со најразлични афери и скандали, но најновите фотографии говорат дека нема брачни проблеми кај музичкиот пар.
Славните музичари беа фотографирани на плажа на Хаваи додека си правеа селфи фотографии и си разменуваа по некој бакнеж.
Бијонсе уживаше на тропската дестинација во колоритен костим за капење, жолта наметка и модни додатоци со лимони, кои асоцираат на нејзиниот најнов албум „Lemonade“.