Анџелина Џоли го промовираше својот нов филм „First They Killed My Father“ во Сијем Реап, Камбоџа. 41-годишната актерка и режисерка ја доби поддршката од своите шест деца кои гордо и со широки насмевки чекореа покрај неа.



Биографскиот филм ја прикажува војната низ очите на дете, раскажувајќи ја вистинската приказна за животот и детството на Лун Ун, пријателка на Џоли, која ги искуси на своја кожа негативните последици од војната во Камбоџа. Ун ги изгуби своите родители и двете сестри во војната.


Холивудската ѕвезда признала дека идејата за реализација на овој филмски проект била на нејзиниот најстар син Медокс, кој прв го посвои од Камбоџа.
„Сакав да се фокусирам не само на војната, но и на семејната љубов и убавината на државата. И всушност, сакав да разберам низ што имаат поминато биолошките родители на мојот син. Сакав да го запознаат него подобро и сакав да ја запознам оваа земја подобро“ – изјавила Џоли, алудирајќи на синот Медокс.










Џоли и децата се сретнаа и со кралот на Камбоџа, Нородом Сихамони.











