Кога човек има добра душа, помага до крајот на својот живот, без оглед на околностите.
Андреј Ѓоргиески од ДНК го загуби својот живот спасувајќи други лица во страшниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.
Неговите најблиски не можат да ја сокријат тагата по неговата смрт и објавуваат пораки на социјалните мрежи во негова чест.
Калиопи со трогателна порака се зборуваше со својот пријател.

Андреј…срцево ми се кине на сто парчиња…а душава ПАРАМПАРЧЕ…
Твојата милост и убавина не изостанаа ни во последните мигови пред заминеш засекогаш, спасувајќи други животи…
Ништо помалку не очекував од тебе, познавајќи ја твојата чоечност…
Но, не мораше вака…И ова не смее да е крај…чувствувам тага и бес… не смееше да е вака…
Ќе те чувам заедно со нашите спомени, мило дете…