Анџелина Џоли е во посета на Јапонија заедно со своите деца. Популарната актерка и четири од нејзините деца биле фотографирани веднаш по пристигнувањето на меѓународниот аеродром во Токио.
На фотографиите Џоли ги држи за раце близнаците Вивиен и Нокс, додека пред неа се движат Пакс и Шило.
39-годишната актерка пристигна во Токио по повод премиерата на филмскиот хит „Maleficent“. На зелениот тепих Анџелина зачекори во елегантна кадифена креација од високата мода на Версаче. Црниот фустан таа го искомбинира со високи црни чевли од Сен Лоран.
Веднаш до неа позираше Ел Фенинг во креација од Александар МекКвин.
Денес беше објавено дека „Maleficent“ е филмот на Џоли со најголема заработувачка. Претходно нејзин најуспешен филмски проект беше „Mr. and Mrs. Smith“ (2005) со Бред Пит.