Анџелина Џоли повторно влезе во улогата на „господарката на сето зло“ за продолжението на „Maleficent“.
Дизниевите филмови ја раскажуваат приказната за злобната вила од „Заспаната убавица“. Првиот дел од „Maleficent“, кој излезе во 2014 година, ги откри настаните кои го скаменија нејзиното срце и ја натераа да го проколне бебето Аурора, а во вториот дел се обработува комплексната врска помеѓу Малефисент и Аурора и заканите со кои се соочуваат во магичната шума.
„Maleficent: Mistress of Evil“ ќе започне да се прикажува во киносалите од 18 октомври.