Анџелина Џоли е „господарка на сето зло“ во новиот филм „Maleficent“, базиран на приказната за заспаната убавица. Денес беше објавен првиот трејлер во кој е откриен злобниот изглед со рогови на Џоли.
На почетокот на видеото можеме да ја видиме и 5-годишната ќерка на Анџелина и Бред, Вивиен Џоли-Пит, како безгрижно трча низ зелена ливада. Слаткото девојче е детска верзија на принцезата Аурора, додека улогата на возрасната Аурора ѝ припаѓа на Ел Фенинг.
Филмот ја раскажува приказната за заспаната убавица, но од перспектива на злобната самовила или „господарката на сето зло“. Филмот ги открива настаните кои го скаменија нејзиното срце и ја натераа да го проколне бебето Аурора.
„Maleficent“ ќе биде објавен на 30 мај 2014 година.