Анџелина Џоли и Ел Фенинг во Париз ја започнаа промотивната турнеја за филмот „Maleficent“. Двете актерки бликаа од среќа на настанот за новинари во Хотел Бристол во француската метропола.
Џоли во елегантна црна креација од Ралф Лорен позираше покрај младата Фенинг која се појави во краток фустан од модната куќа Валентино.
„Maleficent“ ја раскажува приказната за заспаната убавица (Ел Фенинг), но од перспектива на злобната самовила или „господарката на сето зло“ (Анџелина Џоли). Филмот ги открива настаните кои го скаменија нејзиното срце и ја натераа да го проколне бебето Аурора.
„Maleficent“ ќе започне да се прикажува во кино салите на 30 мај 2014 година.