По веста за развод од Бред Пит, Анџелина Џоли стана уште поголема мета на папараците. 41-годишната актерка беше фотографирана со две од своите деца на шопинг во Малибу.
Холивудската ѕвезда уживаше во друштвото на 8-годишните близнаци Нокс и Вивиен, облечена во комбинација која вклучуваше црни кожени панталони и чизми, маичка со чипка во горниот дел и долго сиво палто.






