Анџелина Џоли ги прескокна попопуларните манифестации за доделување на награди, но затоа пак го поддржа доделувањето на наградите на Американското здружение на кинематографи.
На црвениот тепих во Холивуд, Џоли се појави во префинета сива креација на Atelier Versace и обувки од Кристијан Лобутин.
37-годишната актерка му ја врачи наградата за животно достигнување на Дин Семлер, со кого соработуваше при снимањето на „In the Land of Blood and Honey“.