Анџелина Џоли ужива во друштвото на своите деца.
41-годишната актерка беше фотографирана од папараците на шопинг со 8-годишните близнаци и 10-годишната ќерка Шајло во Лондон. Елегантната мајка на шест деца облечена во бела комбинација со насмевка ја водеше за рака ќерка си Вивиен, додека Нокс и Шајло чекореа покрај нив.















И пред неколку дена, Џоли беше фотографирана во истиот бел мантил на аеродром со шесте деца.


По веста за разводот од Бред Пит, Џоли и децата се постојано следени и фотографирани од папараците.