Анџелина има моќ да направи и лошите ликови на Дизни да изгледаат убаво. Дизни ја објави првата фотографија од Џоли како злобната маѓесница во филмскиот римејк на приказната за заспаната убавица.

Новиот филм „Maleficent“ ја раскажува бајката за заспаната убавица Аурора, но од перспектива на злобната самовила или „господарката на сето зло“. Филмот ги открива настаните кои го скаменија нејзиното срце и ја натераа да го проколне бебето Аурора.

„Сценариото е навистина добро. Многу се забавувам. Веќе ги пробав роговите. Моите деца се многу среќни“ – изјавила Џоли која го започна снимањето на филмот во Лондон.

Во улогата на принцезата Аурора ќе влезе Ел Фенинг, сестрата на познатата актерка Дакота Фенинг.