Анџелина Џоли и Бред Пит блескаа на хуманитарен настан во Кенсингтонската палата во Лондон, каде беа изложени костими и реквизити од филмот „Maleficent“.
На синиот тепих Џоли се појави во црн фустан со сваровски кристали од високата мода на Версаче. Минималниот накит и елегантната фризура го надополнија стајлингот на убавата филмска ѕвезда.
Бред Пит исто така избра црн аутфит. Костумот на 50-годишниот актер е од италијанскиот бренд Гучи.
Ел Фенинг, која има главна улога во филмот „Maleficent“, носеше долг балски фустан од Жорж Хобеика.