Анџелина Џоли и Бред Пит изгледаа како совршен гламурозен пар на црвениот тепих пред доделувањето на наградите „Златен глобус“.
Џоли носеше млечно кремова сатенска тоалета од „Atelier Versace“ со впечатлив црвен акцент, кој беше во тон со нејзината мала чантичка. Прекрасната 36-годишна актерка го комплетира својот префинет изглед со обетки и прстен од „Lorraine Schwartz“.
Бред Пит носеше костум на „Salvatore Ferragamo“. 48-годишниот актер на црвениот тепих се појави со бастун поради неодамнешна повреда на ногата.
Двајцата беа номинирани за освојување на Златен глобус. Анџелина за филмот „In The Land Of Blood And Honey“ беше номинирана во категоријата Најдобар филм на странски јазик, а Бред Пит беше номиниран за Најдобар актер во драма за филмот „Moneyball“.