Анџелина Џоли и Бред Пит присуствуваа на лондонската премиера на филмот „World War Z“. Ова е прво појавување на свечен настан на Џоли по објавувањето на веста за двојната мастектомија.
37-годишната актерка грациозно позираше пред насобраните новинари и обожаватели во црна тоалета на Сен Лоран. „Се чувствувам одлично... Многу сум среќна што гледам дека дискусиите за женското здравје се рашируваат и тоа многу ми значи“ – изјави Џоли на црвениот тепих.
Џоли минатиот месец откри дека ги отстранила двете гради со цел да ги намали шансите за рак.
На премиерата присуствуваа и две од децата на Бред и Анџелина, 11-годишниот Медокс и 9-годишниот Пакс.