За Денот на мајката, Анџелина Џоли го почести својот син Пакс со вечера во ресторанот „Beauty & Essex“ во Лос Анџелес. 41-годишната холивудска ѕвезда изгледаше шармантно во црно фустанче покрај својот 13-годишен син.
Црната креација Џоли ја искомбинира со црни обувки од Џанвито Роси и чантичка од модниот бренд Валентино.








Изминатите денови, Анџелина беше фотографирана со своите деца, додека се упатуваше на вечера со нејзиниот татко Џон Војт.
Џоли и Војт шест години не бea во добри односи, но благодарение на Бред Пит, тие се смириja кон крајот на 2009 година.











По разводот со Пит, Анџелина доби привремено старателство над нивните шест деца.
