Ѕвездите од серијата „Gossip Girl“ викендов го завршија снимањето на последната сезона и го прославија петгодишниот успех.
Блејк Лајвли, Чејс Крафорд, Лејтон Мистер, Пен Баџли и останатите членови на славната екипа го означија крајот на снимањето со тепачка со торта, пред вечерта да наздрават на свечена забава.
Најголем дел од фотографиите ги објавија Чејс и Блејк.
Шестата сезона од хит-серијата веќе се прикажува во САД, а вклучува само десет епизоди. Последната епизода премиерно ќе биде прикажана на 10 декември.