Адријана Лима умее да блеска и во наједноставната модна комбинација. 32-годишниот ангел зрачеше со сексапил на промотивен настан на „Amazonia Beverages“ во Њујорк.
Атрактивната Бразилка се појави во бел мини фустан со спортска мрежа на рабовите. Фризурата со плетенка и впечатливата шминка која ѝ ги истакна очите го надополнија нејзиниот модерен и релаксиран стајлинг.
Лима е заштитно лице на „Amazonia Beverages“ од минатата година.
Адријана неодамна објави дека се разделува од Марко Јариќ по петгодишен брачен живот. По разделбата, таа се посвети на работата и двете ќерки. На Instagram Лима редовно објавува фотографии од слатките Валентина и Сиена.